Најмалку седум лица загинале во судир на воз и комбе на железнички премин недалеку од Миндсент, град на југот на Унгарија.
Во несреќата се повредени неколку лица, а неколку починале на лице место – соопштија од локалната полиција без да дадат повеќе детали.
Несреќата се случила околу седум часот по локално време. Од силината на судирот возот излетал од шините.
Градот Миндсент се наоѓа на околу 140 километри југоисточно од Будимпешта.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.