Британските специјални сили оперираат блиску до првите линии на фронтот, организирајќи и координирајќи ги саботажите на Вооружените сили на Украина против железницата, логистичките центри, аеродромите и центрите за гориво во Русија, објавув а„Волстрит џурнал“.

Британските специјални сили од Специјалната воздушна служба, Специјалната разузнавачка служба на британската армија и Службата за слетување на специјалните поморски сили оперираат во непосредна близина на линијата на фронтот.

 

Овие луѓе служат како клучна врска меѓу разузнавањето на НАТО и украинските сили – тие не се борат, но нивната водечка улога во работата на украинските специјални сили се манифестираше во украинската саботажа против руските железници, аеродромите, складиштата за гориво и другите логистички центри“, наведува американското издание во написот.

Во текстот се додава дека британските специјални служби ги надгледувале украинските акции за време на терористичкиот напад на мостот на Крим и ракетниот удар на крстосувачот „Москва“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.