Првиот конвој на силите на Вагнер пристигна во претходно напуштената воена база во Белорусија, а на пат кон неа се уште најмалку два конвоја, покажа анализата на Си-Ен-Ен на сателитски снимки и видеа на социјалните мрежи.

Сателитските снимки од компанијата Планет Лабс го покажуваат првиот конвој кој пристигнува во белоруската воена база која со години е празна вчера нешто по 11 часот по локално време. Конвојот се протега по целиот пат од базата до излезот на автопатот. Помалку од еден час подоцна, новата сателитска снимка од Ербас го покажува целиот конвој паркиран во базата.

Си-Ен-Ен успеа да потврди дека возилата им припаѓаат на силите на Вагнер бидејќи неколку возила на сателитската снимка на Ербас се совпаѓаат со тие што се гледаат на видеото објавено на социјалните мрежи на кое се гледа конвојот, со знамиња на Вагнер, запрен покрај автопатот.

Конвојот што се гледа на видеото вклучува бројни камиони, големи платформи со булдожери, камиони за ѓубре и комбиња, како и десетици цивилни камиони и автомобили. Си-Ен-Ен идентификуваше вкупно 115 нови возила во базата, кои не беа видени на претходните сателитски снимки.

Ова е првпат да се видат силите на Вагнер по нивниот неуспешен обид за бунт во јуни. Кон базата вчера попладне се движеа уште два конвои на Вагнер



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.