По заземањето на градот Мариупол и опколувањето на украинската војска скриена во фабриката Азовстал, руско-украинската војна продолжува и во останатите делови на Донбас и Лугањск, а по се изгледа таа нема да запре ни за време на Велигден.
Украинскиот претседател Володомир Зеленски, тврди дека Русија го отфрлила предлогот за прекин на огнот за време на велигденските празници.
– Се уште не губам надеж за мир, иако руската позиција не го наговестува тоа. Не ја отфрлам можноста да отпатувам во Москва на директни преговори со руската страна, рече Зеленски.
Градоначалникот на Мариупол пак повторно апелираше за евкуација на цивилите заробени во фабриката Азовстал, но за денеска не се договорени хуманитарни коридори.
Руските сили пак продолжуваат со инвазијата во Луганската и Доњецката област.
Во текот на ноќта армијата погоди 58 воени цели во Украина, вклучително и локации каде што биле концентрирани војници, складишта за гориво и воена опрема, а уништен е и еден противвоздушен ракетен систем С 300 информираа од руското МО.
Руската воена команда информираше дека следна фаза од војната е целоска контрола врз јужна украина.
По најавата на европските лидери за воведување дополнителни санкции кон Русија, и првиот човек на САД Џо Бајден најави нови рестрикции за Русите. Тој објави дека на сите бродови поврзани со Русија ќе им биде забранет пристапот до американските пристаништа.
– Ниту еден брод, кој плови под руско знаме или кој е во сопственост или управуван од руски интереси нема да смее да се закотви во пристаништето на САД или да пристапи до нашите брегови, рече Бајден.
Германскиот канцелар Олаф Шолц пак во интервјуто за германски Шпигел, апелираше до првите луѓе на НАТО, да избегнат секакв можност за директен судир со Русија, бидејќи тоа би можело да резултира со трета светска воја.
-Поради тоа мора да го разгледаме вниомателно секој наш чекор, рече Шолц.
Светската Банка пак информираше дека доегашните шетети во Украина, предизвикани од војната изнесуваат над 60 милијарди долари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.