Конфликтот во Украина може да заврши побрзо отколку што се мислеше поради одбивањето на најрадикалните националистички баталјони на Вооружените сили на Украина да влезат во борба, изјави поранешниот советник на Пентагон, полковник Даглас Мек Грегор на каналот Јутјуб Judging Freedom.

– Интересно е што во последните 24 часа една од озлогласените украински паравоени организации кои користеа нацистички симболи одби да се бори: „Веќе нема да гинеме во таков број – рече експертот.

Според него, неподготвеноста на националните баталјони најлојални на Киев да војуваат укажува дека конфликтот во Украина е во завршна фаза.

– Сето ова може да заврши многу побрзо отколку што мислев, бидејќи Русите постепено се движат кон Днепар. Во следните месец и половина ќе видиме дека сите територии источно од оваа река се под контрола на Русите – предвиде Мек Грегор.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.