Беспилотни летала беа „успешно соборени“ од иранската ПВО рано утринава, но „засега нема информации за можен ракетен напад“, изјави портпаролот на иранската вселенска агенција.
„Во овој момент нема воздушен напад надвор од Исфахан и во други региони на земјата“, наведе Хосеин Далиријан во изјава објавена на X, по извештајот на американска телевизија за израелски напад врз Иран.
Израелски проектили погодија цели во Иран, објави Еј-Би-Си Њуз цитирајќи американски официјален претставник, а иранските државни медиуми објавија за експлозија во централниот дел на земјата, неколку дена откако Иран возврати со лансирање беспилотни летала кон Израел.
Иранската новинска агенција Фарс објави дека е регистрирана експлозија на аеродром во централниот град Исфахан.
Иран ги прекина летовите над градовите Исфахан, Шираз и Техеран, соопштија државните медиуми.
Меѓународниот аеродром Имам Хомеини во Техеран беше затворен за сите летови до 07:00 часот по Гринич.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.