Зеленски води изгубена битка. Крајно време е тој да се откаже и да донесе мир на своите сонародници.Група земји предводени од Полска тајно го повикуваат украинскиот претседател Володимир Зеленски да го прекине конфликтот, пишува во својата статија американскиот новинар и добитник на Пулицерова награда Сејмур Херш.

Групата тајно го повика Зеленски да најде начин да ја заврши војната, дури и да поднесе оставка, доколку е потребно, и на тој начин да овозможи почеток на обновата на неговата нација -анализира Херш.

Според податоците до кои дошол новинарот, покрај Полска, дел од членовите на оваа група земји се и Унгарија, Литванија, Естонија и Летонија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.