Холандија презема итни чекори за да спречи компанијата „АСМЛ“ да се пресели во странство.

Со таа цел, холандската влада формирала специјална работна група, со кодно име „Бетовен“, за да го спречи водечкиот светски производител на опрема за чипови, „АСМЛ Холдинг“ да се пресели во страство ја напушти земјата поради неповолните економски услови, објави „Блумберг“.

Работната група има задача да ги реши се поголемите проблеми за „АСМЛК“, вклучувајќи тешкотии во привлекувањето странска работна сила, проблеми со снабдувањето со електрична енергија на фабриката на компанијата, ограничувања на емисиите на азот и построги даночни закони. Дополнително на тоа, „АСМЛ“ беше принудена да ги поддржи американските санкции против Кина.

„Блумберг“ забележува дека поради несогласувања со властите околу оданочувањето, два гиганти, нафтениот „Шел“ и производителот на стоки за широка потрошувачка „Унилевер“ (познат по „Магнат“, „Рексона“, „Доместос“, „Кнор“ и многу други брендови) ја напуштиле земјата и се префрлиле во Велика Британија.

Во третиот квартал од 2023 година, обемот на нарачките на производителот на опрема за чипови се намалила за 42% на квартално ниво.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.