Претставници од Европа и други сојузници денеска ја напуштија салата за време на обраќањето преку видео врска на шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров на Конференцијата на Обединети нации за разоружување во Женева.
На видеото објавено на Твитер од француската делегација се гледа како десетици делегати ја напуштаат салата додека Лавров го започна своето обраќање преку видео врска.
Во твитот се наведува дека дипломатите излегоа од салата за време на изјавата на Лавров на Конференцијата за разоружување „за да ја покажеме нашата поддршка на Украина”.
Лавров пред Советот за човекови права на ОН истакна дека не присуствувал лично поради, како што рече, „срамните” мерки на ЕУ кон Русија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.