Во Велика Британија е идентификуван нов вид на мајмунски сипаници, објавија здравствените власти.
Агенцијата за здравствена безбедност (УКХСА) соопшти дека едно лице, кое неодамна било во Западна Африка, е заразено со генетски различна варијанта на вирусот од онаа што ја предизвикала епидемијата во Велика Британија.
Засега се следат сите контакти со кои бил заболениот, за да се утврди дали има дополнителни инфекции. Првично не е обелоденето дали лицето е машко или женско и колку години има.
Постојат два генетски различни соеви на вирусот на мајмунска сипаница: централноафриканскиот вид, или како што сега се нарекува „Клејд 1“ (Конго Басен) и западноафриканскиот вид, или „Клејд 2“.
Сојот „Конго Басен“ предизвикува потешка форма на болеста и има стапка на смртност од 10,6 проценти и се смета за полесно пренослива, додека западноафриканскиот вид е поблага варијанта, со стапка на смртност од 3,6 проценти. Во моментов е во тек понатамошна анализа за да се види дали овој изолиран случај е „Клејд 1“, друг потсој на „Клејд 2“ или сосема нова варијанта.
Работиме на тоа да контактираме со луѓето кои имале близок контакт со случајот пред да биде потврдена нивната инфекција, да ги оцениме колку што е потребно и да дадеме совет. УКХСА и НХС имаат добро воспоставени процедури за контрола на инфекции за справување со случаи на увезени заразни болести и тие строго ќе се следат, а ризикот за пошироката јавност е многу низок. Ги потсетуваме сите оние кои планираат да патуваат во Западна и Централна Африка да внимаваат на симптомите на мајмунски сипаници и да се јават на лекар доколку развијат симптоми по враќањето – изјави д-р Софија Маки, директор за инциденти во УКХСА.
Во моментов има најмалку 3.279 познати случаи на мајмунски сипаници во Обединетото Кралство, со 79 идентификувани само во последната недела, што е помалку од 126 претходната недела и 167 неделата пред тоа. УКХСА е уверена дека епидемијата се намалува и покрај тоа што глобалниот биланс сега надминува 50.000.
„SIGA Technologies“, фирма за здравствена безбедност чие истражување е финансирано од американската влада за да се спротивстави на заканата од биолошкото оружје, разви антивирусно средство познат како текавиримат за борба против сипаници и сродни вируси, вклучително и мајмунска сипаница.
Тековиримат е одобрен за третман на сипаници во САД, каде што се продава како „TPOXX“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.