Во Украина стапи на сила примирјето што рускиот претседател Владимир Путин и го нареди на војската за време на божиќните празници.

Прекинот на борбите треба да трае до сабота на полноќ.

Украина и нејзините сојузници веруваат дека Русија донела ваква одлука за да добие време.

Досега немаше прекин на огнот на целата територија на Украина, но имаше локални договори за прекини на огнот, таков беше случајот во април и мај кога беа евакуирани цивили од фабриката во Мариупол.

На 24 февруари минатата година Русија ја започна инвазијата на Украина.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.