Украинскиот премиер, Денис Шмигал, соопшти дека во изминатите шест дена во земјата пристигнале околу 3.000 камиони со 20.000 тони храна, облека, лекови и медицинска опрема.

Покрај тоа, 10 милијарди гривни (околу 333 милиони долари) се донирани на украинската армија преку специјална сметка.

Им благодариме на сите што и помагаат на Украина – истакна тој.

Шмигал, исто така, изјави дека Украинците треба да продолжат да придонесуваат за националните напори.

Со оглед на околностите, мораме да ги приспособиме нашите животи на услови на воена економија. Сите Украинци треба да се запрашаат како можат да бидат ефикасни за армијата, земјата и државата – порача Шмигал.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.