Повеќе од 75 илјади Руси се убиени или ранети во војната со Украина, ја пренесува „Си-Ен-Ен” изјавата на демократската пратеничка Елиса Слоткин која се повикува на тајни податоци со кои располага Администрацијата на претседателот Џо Бајден.

Информацијата за руските загуби во Украина Слоткин ја дала после брифинг на администрацијата на Бајден одржан зад затворени врати.

-Информирани сме дека повеќе од 75 илјади Руси се или убиени или ранети, што е огромна бројка. Тие многу вложуваа во својата пешадија, а 80 отсто од копнените сили се вкопани и заморениукраина, вели таа.

Последните проценки на ЦИА укажуваа за некаде околу 15 илјади руски војници загинати на фронтот.

Засега нема официјални информации од Москва за своите загуби во она што Русија го нарекува специјална воена операција во Украина.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.