Во една црква во Швајцарија е поставен холограм на Исус за исповед, пишува „Дејли мејл“.

Холограмот работи преку вештачка интелигенција (ВИ) и комуницира со верниците во капелата Свети Петар во градот Луцерн. Додека личноста поставува прашања, ВИ генерира одговори и го анимира лицето на Исус.

Холограмот знае 100 јазици за да комуницира со туристи од различни земји.

Најмалку две третини од луѓето по ваквата „исповед“ рекле дека имале „духовно“ искуство, се вели во изданието.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.