Шефот на украинската дипломатија, Дмитро Кулеба, на Твитер објави дека имал телефонски разговор со американскиот државен секретар Ентони Блинкен.
Во разговорот со секретарот Блинкен ја координиравме понатамошната помош за Украина – објави Кулеба.
Тој им се заблагодари на САД што „цврсто застанале на страната на украинскиот народ“.
Претседателот на САД, Џо Бајден, одобри помош во оружје и други одбранбени средства за Украина во вредност од 200 милиони долари
Средствата може да се користат за оружје и други одбранбени средства од резервите на американското Министерство за одбрана, како и за воено образование и обука за помош на Украина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.