Во клучниот источен град Северодоњецк во тек се интензивни улични борби, а и украинската и руската страна веројатно ќе претрпат голем број жртви, соопшти британското Министерство за одбрана во најновиот разузнавачки извештај.

Сепак, руските сили не напредуваа на југот на градот, тврди Министерството.

Во соопштението се додава дека Русија напаѓа со своите артилериски и воздушни капацитети, во обид да ја совлада украинската одбрана.

Британското Министерство за одбрана тврди дека на Русија и снемуваат попрецизни модерни ракети и прибегнува кон тешки противбродски ракети против копнени цели во Украина, кои првенствено се дизајнирани да уништуваат носачи на авиони користејќи нуклеарна боева глава.

Кога се користат во копнен напад со конвенционална боева глава, тие се многу неточни и затоа можат да предизвикаат значителна колатерална штета и цивилни жртви.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.