Бројот на центимилионери – поединци со богатство од 100 милиони долари или повеќе, нагло се зголемил за 54 проценти во последната деценија .
Во светот има повеќе од 29.300 луѓе со богатство над 100 милиони долари, се вели во извештајот на инвестициската консултантска фирма „Henley & Partners“.
САД и Кина регистрираат најзначајни зголемувања кај оваа категорија богати луѓе.
Кина забележува неверојатни 108 отсто зголемување на центимилионери во текот на изминатите десет години, додека САД бележат раст од 81 отсто.
Спротивно на тоа, Европа забележа скромно зголемување од 26 отсто во истиот период.
Листата на „Henley & Partners“ – „Педесет најдобри градови за центимилионерите“ нагласува каде е концентрирана глобалната елита и каде се движи.
САД водат со 744 центимилионери во Њујорк, 675 во Сан Франциско и Силиконската долина и 496 во Лос Анџелес.
Во извештајот се истакнува дека САД поседуваат повеќе од 30 отсто од светското ликвидно инвестициско богатство, со вкупен имот кој изнесува 67 трилиони долари.
Сепак, оваа бројка може да се промени во зависност од исходот на претседателските избори во САД во ноември. Предложеното зголемување на даноците за милионерите, поддржано од потпретседателката Камала Харис, може да ги поттикне богатите да се преселат на друго место.
Има брз пораст на богатството во Азија, особено во градовите како Пекинг, кој сега има 347 центимилионери, по него е Сингапур со 336, Шангај со 322 и Хонг Конг со 320.
Во Европа, некогаш глобален финансиски центар, Лондон останува центар со 370 центимилионери и е на четвртото место на глобално ниво, иако регионот забележува побавен раст во споредба со неговите колеги во Азија и САД.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.