Најмалку 443 луѓе загинале во невреме во Јужна Африка, а десетици се уште се водат како исчезнати.

Претседателот, Сирил Рамафоса, прогласувајќи национална состојба на катастрофа, соопшти дека околу 48 лица се уште се водат како исчезнати.

Околу 200 до 400 милиметри дожд наврнале во провинцијата КваЗулу-Натал во рок од 24 часа.

Дождот предизвика големи штети на улиците, мостовите и куќите и го наруши снабдувањето со храна и гориво. Се проценува дека околу 40.000 луѓе се раселени поради поплавите.

Ова е хуманитарна катастрофа која бара големи и итни напори за да се пружи помош. Животот, здравјето и благосостојбата на илјадници луѓе остануваат загрозени – порача Рамафоса.

Едно од најголемите карго пристаништа во Африка, Дурбан, беше затворено, а во некои области немаше струја или вода.

Допрва треба да се направи сеопфатна проценка на економските трошоци од овие поплави, но јасно е дека таа ќе достигне милијарди ранди за обнова на инфраструктурата и губење на производството. Ќе треба огромен напор, помош на ресурси и способност на целата нација да се опорави од оваа катастрофа – изјави Рамафоса.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.