Шведската служба за безбедност (САПО) ќе ја подигне својата проценка за терористичката закана на „второ највисоко ниво“, објави денеска дневниот весник „Дагенс нихетер“ (ДН), повикувајќи се на неименувани извори.

Нивото на закана ќе биде подигнато од ниво трето на ниво четири на скала од еден до пет, според ДН.

Во претходно објавеното соопштение на САПО, се наведува дека денеска ќе се одржи прес-конференција во врска со националната безбедност, но службата не одговорила на барањето за доставување дополнителни детали за јавноста.

Во Шведска и во соседна Данска неодамна беа забележани серија протести во кои антиисламистички активисти запалија или на друг начин оштетија копии на Куранот, што предизвика бес во муслиманските земји и страв од напади дома



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.