Шведската компанија ЛКАБ денеска соопшти дека открила наоѓалиште на ретки земјени метали во областа Кируна.

Тоа е најголемото познато откритие на ретки земјени метали во нашиот дел од светот и може да биде значајно за развој на критичните суровини кои се апсолутно клучни за да се овозможи зелена транзиција, изјави Јан Мостром, претседател и извршен директор на компанијата.

Ретките земјени метали се неопходни за многу високотехнолошки производствени процеси и се користат во електрични возила, турбини на ветер, пренослива електроника, микрофони и звучници.

Ова е добра вест, не само за ЛКАБ, регионот и Шведска, туку и за Европа, нагласи Мостром.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.