Во рускиот град Сочи на Црното Море е прогласена вонредна состојба по обилните дождови во неделата навечер, напиша градоначалникот на Сочи Алексеј Копаигородски на својот канал Телеграм.
„Во градот е прогласена вонредна состојба. Природна катастрофа во изминатите три дена предизвика штети во сите делови на градот“, напиша тој, пренесе ТАС С.
Според него, ситуацијата е многу сериозна.
„Најпогодена е централната област. Вакво нешто во модерната историја не се случило во овој дел од градот“, рече Копајгородски.
Тој додаде дека продолжуваат работите на расчистување и реконструкција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.