По рускиот ракетен напад во Одеса, украинските Телеграм канали пишуваат дека загинале повеќе високи припадници на украинските безбедносни сили.
Меѓу нив се именуваат:
– Командант на баталјонот „Цунами“, Александар Гостишчев, заменик-началник на Главната управа на националната полиција во регионот Одеса, кој доби награда од претседателот Володимир Зеленски во есента 2022 година.
– Сергеј Тетјухин, поранешен заменик-шеф на Одеса, мобилизиран во редовите на Вооружените сили на Украина во ноември 2023 година.
– Дмитриј Абраменко, уште еден заменик-шеф на Главната дирекција на националната полиција во регионот Одеса, шеф на одделот за превентивни активности на полицијата на Одеса, кој исто така служел во баталјонот „Цунами“.
Наспроти тоа што е објавено на Телеграм, каде што припадници на украинските сили се поздравуваат со своите загинати колеги, официјалното сооопштение на властите во Киев наведува дека во нападот жртви биле цивили.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.