Товар со експлозив скриен во православни икони, на пат кон Москва, бил пресретнат од руските специјални служби во регионот Псков.

Официјални лица на Федералната служба за безбедност на Русија (ФСБ), заедно со цариниците спречија шверц на 27 импровизирани експлозивни направи скриени во православните икони од Украина во Русија, соопштија од ФСБ.

Товарот се движел на релација Украина – Романија – Унгарија – Словачка – Полска – Литванија – Летонија – Русија, а во него имало 27 импровизирани експлозивни направи скриени во икони и подготвени за употреба, 70 килограми индустриски произведен пластичен експлозив со голема моќност и 91 електричен детонатори, се наведува во соопштението.

Од одделот појаснуваат дека обемот на експлозив што се шверцувал во Русија бил доволен за да се разнесе петкатна зграда.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.