Во Њујорк е донесен закон со кој се забранува дискриминација врз основа на тежина.
Градските советници кои го поддржаа усвојувањето на законот изјавија дека дебелите луѓе имаат потешкотии во рестораните и театрите, а истакнаа и дека луѓето со прекумерна тежина биле дискриминирани при делење велосипеди од градските власти. За донесување на законот гласаа 44 советници, а пет беа против.
Лидерот на опозициските републиканци во градското собрание на Њујорк, Џозеф Борели, изјави дека е загрижен оти законот ќе доведе до тоа њујорчани да тужат секого и се.
Во САД, повеќе од 40 отсто од возрасните граѓани се дебели, а студиите покажуваат дека дискриминацијата е распространета.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.