Полицијата во Нигерија денеска соопшти дека уапсила најмалку 67 лица кои славеле геј венчавка, што е едно од најголемите апсења во земјата во која е забранета хоммосексуалноста.

-Осомничените хомосексуалци беа уапсени во градот Екпан, во јужната држава Делта, околу 2 часот по полноќ во понеделникот, на настан на кој двајцата се венчаа, изјави портпаролот на државната полиција Брајт Едафе.

Полицијата во Делта упаднала во хотелот во Екпан, каде што се одржала геј свадба и првично привеле 200 лица, а по првата истрага, 67 останале во притвор



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.