На точно 100 дена пред изборите за Европскиот парламент, во Франција денеска се одржа првиот состанок на екстремната десница, Национален собир, чија листа ја предводи младиот Џордан Бардела и чија партија е фаворит на изборите, покажуваат анкетите во Франција.
Бардела (28) за својата прва средба со граѓаните го избра Марсеј.
-Тоа што нашите лидери и Европската унија го предизвикаа со нивното единство, да одат рака под рака, е големо бришење на Франција, рече Бардела на митингот пред 5.000 присутни.
Според него, „бришењето“ на Франција претставува распаѓање на внатрешен план, но и во Европа и во светот.
Бардела ја обвини политиката на центристичкиот претседател на Франција, Емануел Макрон, кого го нарече „големиот бришач“.
На митингот присуствуваше и лидерката на екстремната десница Марин Ле Пен, која го осуди „цинизмот“ на Макрон, за кого кажа дека верува дека „ќе најде политички спас со своите ставови за војната“.
Ле Пен алудираше на неодамнешната изјава на Макрон дека не е исклучена можноста за испраќање копнени трупи во Украина, која повеќе од две години се соочува со руска инвазија.
Според анкетите, Националниот собир би можел да освои 28 до 30 отсто од гласовите на изборите за Европскиот парламент на 9 јуни.
Истовремено со политичкиот митинг на десницата во Марсеј се одржа и контрамитинг на околу 600 лица, кои се собраа да изразат противење на политиката на Националниот собор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.