Кинеските власти денеска соопштија дека во 2022 година осудиле британски државјанин на пет години затвор за шпионирање.

Тоа е официјална потврда за случајот, што не беше пријавен до оваа недела.

Суд во Пекинг во 2022 година „во прв степен го осуди обвинетиот Британец, на пет години затвор за кривично дело незаконско добивање разузнавачки информации за странски актери, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи, Ванг Венбин.

Тој додаде дека по жалбата, случајот бил потврден во септември минатата година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.