Командантот на ракетната единица на палестинскиот исламски џихад (ПИЈ) и уште двајца милитанти во Газа беа убиени во израелски воздушен напад рано утринава.

Израелската армија соопшти дека тие биле убиени во стан на петтиот кат од зграда во близина на Кан Јунис на југот на териториите.

Во средата милитантите во Газа истрелаа повеќе од 500 ракети врз Израел, според Би-Би-Си.

Израелската армија погоди повеќе од 130 милитантни цели во Газа, во најжестоките борби во последните девет месеци.

Дваесет и пет лица се убиени во Газа од вторникот наутро кога Израел ја започна операцијата против ПИЈ, соопшти палестинското Министерство за здравство. Меѓу убиените има најмалку 10 цивили и уште тројца службеници на ПИЈ.

Израелската војска соопшти дека четири лица, меѓу кои три деца, биле убиени во Газа во ракетен напад, иако тоа не е потврдено од палестински извори.

Во Израел нема загинати, иако некои ракети погодија куќи и згради. Повеќето од ракетите паднале на отворени области или биле пресретнати.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.