Повеќе од 700 цивили се убиени во северниот град Чернихив, изјави за Би-Би-Си шефот на градскиот совет Александар Ломако.
Три недели откако руските трупи поставија опсада на градот, на главните гробишта сè уште се копаат нови гробници. Две ниви се полни со гробови, а третата ја ископаа копачи кога бевме таму, пишува Би-Би-Си.
На околу една четвртина од гробовите покрај нив имало поставени цвеќиња, надгробни споменици, овошје и други предмети, што сугерира дека биле посетени од роднини на починатиот. Но, другите беа означени со табли на дрвени стапчиња со имиња, како и датуми на раѓање и смрт. Запознавме жена која ги бараше гробовите на нејзината сестра и сопругот, кои беа убиени во гранатирањето.
Тие беа мирни луѓе, беа танчери, рече таа.
Таа не знаеше дали нивните тела се пронајдени и каде се закопани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.