Масло за јадење во германските маркети е речиси невозможно да се најде. Во маркетите на Лидл и Едека во Штутгарт, кои важат за најсабдени, нема ниту едно шише масло за јадење. Вработените во изјава за Република велат дека побарувачката е голема но оти сончогледово масло нема да има до следната недела. Можат да се најдат само маслиново и ленено масло.

Исто така речиси празни се рафтовите со брашно и тоалетна хартија иако овие продуктити се уште можат да се најдат на полиците.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.