Србин (31) е уапсен во Германија поради грабежи и најмалку две убиства на пензионери. Германската полиција по него распишала потерница, а медиумите го означиле како сериски убиец.
Тој е татко на две деца од Србија а соседите го опишуваат како многу добар човек кој бил љубезен со сите.
Обвинет е за убиство на 77-годишник во декември и 89-годишник минатата недела во нивните станови. Дополнително, се проверува дали мажот е одговорен и за грабежот на 83-годишен маж во неговиот дом пред околу две недели.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.