Најголемата германска организација за заштита на природната средина Германска помош за околината (Deutsche Umwelthilfe) побара во понеделникот поради штедењето на енергијата годинава граѓаните во Германија да се откажат од осветлувањето во текот на божикните празници.
„Годинава самото посебе би требало да биде разбирливо да се случи откажување на божикното осветлување, како во приватниот, така и во јавниот сектор“, изјави директорот на здружение Хирген Реш.
Предлага божикното осветлување да се сведе на едно јавно поставено божикно дрво во секој град.
Мислам дека би требало да застанеме и да размислиме како ќе постапиме годинава, имајќи ги предвид војната во Украина, енергетската криза но и заштитата на околината, вели Реш.
Според него, само приватната потрошувачка на електричната енергија за божикното осветлување во Германија изнесува 600 милиони киловат/часови, што е доволно за годишно снабдување со струја на град со 400.000 жители.
Голем „потенцијал за штедење“ Реш гледа и во осветлувањата годинава. „Мислам дека свесното откажување, штедењето и искажувањето на солидарност би можеле овој Божик да го направат посебен“, смета Реш.
Во Германија од почетокот на септември на сила се мерките за штедење на електричната енергија во јавните простори и установи. Така, до пролетта е укинато посебно осветлување за спомениците и јавните објекти, а затоплувањето во јавните установи се ограничува на 19 Целзиусови степени во канцелариите. Исто така, забрането е и ноќното осветлување на излозите, со исклучок на излозите кои се наоѓаат во пешачките подвозници и оние кои и онака служат за осветлување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.