Во некропола во Сакара, место во близина на Каиро се откриени 150 бронзени статуи, соопшти Министерството за туризам и антиквитети на Египет.

Тоа е прво и најголемо откритие на бронзени статуи од древниот Египет во областа, околу 28 километри јужно од Каиро.

Статуите ги прикажуваат старите египетски божества, како богот на задгробниот свет – Анубис, божицата на денот – Нефертим и богот на сонцето и воздухот – Амон.

Археолозите пронашле и бронзени садови, за кои се верува дека се користени за време на молитвите на божицата на плодноста – Изида.

Пронајдени се и 250 насликани дрвени саркофази со добро сочувани мумии, дрвени статуи, маски, како и фигури на мачки.

Пронајден е и накит од ерата на Новото кралство, како што се бразлетни и обетки.

Ископувањето во областа на Сакара почна во 2018 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.