Во Велика Британија се откриени два случаи на Ласа треска, а еден е сонителен, кај патници кои биле во Западна Африка, а здравствените служби веднаш го активираат алармот бидејќи станува збор за многу опасна заразна болест.

Овие нулта пациенти во Европа веднаш биле ставени во изолација и се лекуваат.

Ласа треската често пати е смртоносна аренавирусна инфекција која се јавува главно во Африка, а може да влијае на повеќе органски системи.

Епидемии на Ласа треската досега имало во Нигерија, Либерија и Сиера Леоне. Оваа болест била внесена и во САД и во Обединетото Кралство. Резервоарот на вирусот е „Mastomys natalensis“ , стаорец кој често живее во куќите во Африка.

Најважно од сè е дека за разлика од коронавирусот, Ласа треската нема пренесување на вирусот од човек на човек само затоа што сме блиску со некој што е заразен, па затоа ширењето на овој вирус е далеку побавно отколку во случајот со Ковид-19.

Инкубацијата трае од пет до 16 дена. Симптомите почнуваат со прогресивна треска, слабост, малаксаност и дигестивни проблеми. Може да се појават симптоми и знаци на хепатитис. Во текот на следните три до четири дена, симптомите напредуваат во болки во грлото, кашлица, болка во градите и повраќање.

Лекот Рибавирин може да ја намали смртноста до 10 пати доколку со негова употреба се почне во првите шест дена од инфекцијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.