Почнувајќи од денеска, Русија претседава со сојузот на држави-партнери БРИКС, организацијата во која од 1 јануари 2024 година ќе се приклучат уште пет членки. така, на досегашните Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка (првите букви од името на организацијата БРИКС) ќе им се придружат Египет, Етиопија, Иран, Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ).

Договорено беше да се приклучи и Аргентина, но, откако ексцентричниот Хавиер Милеи победи на претседателските избори, земјата се откажа од многу важни проекти и институции. Се предомисли и за приклучување кон БРИКС, наведувајќи го фактот дека земјата нема доволно пари да придонесе во Новата банка за развој на организацијата.

БРИКС има обемни планови за оваа година. Државите планираат да го напуштат доларот во меѓусебните финансиски порамнувања и да се префрлат на националните валути, како и да се борат против тероризмот и перењето пари.

Во октомври 2024 година, самитот на БРИКС треба да се одржи во Казан, град во централна Русија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.