Големи делови на Австралија денеска се под влијание на „невообичаени“ пролетни горештини, соопшти Националната метеоролошка служба, предвидувајќи рекордни температури за утре.
Во Сиднеј, главниот град на најнаселената австралиска држава Нов Јужен Велс, температурите достигнаа 34,2 степени Целзиусови на аеродромот Кингсфорд Смит – повеќе од 12 степени над просекот за септември, според Бирото за метеорологија.
Синоптичарите оваа недела најавија дека временскиот феномен Ел Нино ќе се зајакне меѓу септември и ноември, што ќе донесе потопли и суви услови во Австралија.
Метеоролошкиот завод објави дека „раните“ горештини во многу делови од земјата биле „многу невообичаени за септември“.
„Овие температури ќе се зголемуваат од недела до вторник“, се вели во објавата на Фејсбук, со температури меѓу 8 и 16 степени Целзиусови над просекот.
Рекордни септемвриски дневни и ноќни температури се очекуваат од недела до четврток низ внатрешноста на Јужна Австралија, Нов Јужен Велс и североисточна Викторија.
Ел Нино може да предизвика екстремни временски услови од шумски пожари до циклони и продолжена суша, а австралиските власти веќе предупредуваат на зголемени ризици од шумски пожари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.