Властите на Мариупол денеска соопштија дека околу 300 цивили кои се криеле во подрумот загинале во бомбардирањето на театарот во овој украински град.

Бројот е собран врз основа на сведочења на очевидци.

Нема податоци дали итните служби ја завршиле евакуацијата и на кој начин врз основа на сведоштва се добиени податоци за 300 жртви.

Во моментот на бомбардирањето на 16 март, пред театарот со големи букви пишуваше „деца“, со цел од воздух да се види дека е засолниште.

Украинската омбудсманка за човекови права Људмила Денисова изјави дека во тој момент во театарот имало околу 1.300 луѓе.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.