Основачот на руската приватна паравоена организација „Вагнер“, Евгениј Пригожин го повика рускиот претседател Владимир Путин преку неговата канцеларија за медиуми да прогласи крај на војната и да се фокусира на создавање упориште во окупираните делови на источна Украина.

За властите на Руската Федерација и за целото општество, важно е да се стави крај на „специјалната воена операција, напиша тој во објавата на „Телеграм“.

Идеалната опција би била да се прогласи крај на специјалната воена операција, да се информираат сите дека Русија ги постигна планираните резултати и во извесна смисла ние навистина ги постигнавме. Оневозможивме голем број војници на вооружените сили на Украина и можеме да известиме дека нашата задача е исполнета, напиша Пригожин и продолжи да ги набројува руските воени успеси.

Во теорија, Русија ја постигна својата цел со уништување на голем дел од активното машко население на Украина и заплашување на друг дел што побегна во Европа. Русија го отсече Азовското Море и голем дел од Црното Море, окупираше голем дел од територијата на Украина и создаде копнен коридор до Крим, изјави тој, пренесува „Јутарњи лист“.

Пригожин тврди дека Русија сега може само „да стекне цврста основа и да се задржи на територијата што е веќе нејзина“. Истовремено, тој смета дека има и проблем предизвикан од војната.

Ако Украина порано беше дел од поранешна Русија, сега е апсолутно национално ориентирана држава, смета тој.

Лидерот на „Вагнер“ има цел напис во кој ја анализира важноста на Бахмут, протекувањето на документи на Пентагон и претстојната офанзива на вооружените сили на Украина. Тој додаде дека е против какви било преговори со Украина, а двете земји треба да се сретнат само на бојното поле.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.