По 278 часа поминати под урнатините од земјотресот во Турција, во Хатан бил спасен 45-годишниот Хакан Јасиноглу, јави новинаската агенција Анадолија. Спасувачите го предале Јашиноглу на медицинските екипи, кои му укажале прва помош и го пренеле во болница.

Во Антакија, пак, три лица се спасени откако поминале 296 часа под урнатините, јави турската новинска агенција Анадолија, додавајќи дека меѓу спасените има и дете.

По спасувањето, спасувачките екипи ги предале повредените на медицинските служби, по што биле пренесени во болница.

Според последните податоци, повеќе од 45.000 луѓе загинаа во земјотресите што ги погодија Турција и Сирија на 6 февруари, а бројот на жртвите се очекува да се зголеми бидејќи многумина сè уште се водат за исчезнати.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.