Русија е подготвена за преговори со Украина врз основа на постоечката реалност, без предуслови, изјави рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Вершинин во интервју за ТВ каналот „Ѕвезда“, пренесе ТАСС.
– Да, класиката покажува дека секоја воена акција завршува со преговори, и секако веќе изјавивме дека ќе бидеме подготвени за такви преговори. Но само за преговори без предуслови, за преговори базирани на постоечката реалност, за преговори земајќи ги предвид целите, кои ги кажавме јавно“, рече тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.