Масакрот на цивилите во Буча, кој беше откриен откако руските сили се повлекоа од градот што се наоѓа недалеку од Киев, го шокираше светот. Објавени беа фотографии од масакрирани тела оставени на патот, а голем број очевидци изјавија дека тие биле убиени од руските сили за време на окупацијата.
Украинската главна обвинителка, Ирина Венедиктова, денеска изјави дека нејзиниот тим идентификувал 10 лица за кои верува дека ги извршиле воените злосторства во Буча.
Во еден случај, според Венедиктова, руски војници влегле во дом во кој се криеле цивили и им се заканувале со оружје и ги тепале со пушки.
Таа тврди дека идентификуваните руски војници земале цивили како заложници, не им давале храна и вода и ги мачеле и малтретирале
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.