Британското министерство за одбрана, соопшти дека украинската контраофанзива ги изненадила руските војници и силите на Киев напредувале 50 километри по тесната линија на фронтот и повторно зазеле или опколиле неколку градови.

Според британскиот извештај, украинските единици сега му се закануваат на градот Купјанск.

Заземање на овој град би било значаен удар за руските сили, затоа што се наоѓа на линијата за снабдување на фронтот во Донбас, велат од британското министерство.

Во нивниот извештај се додава дека со украинската контраофанзива, која продолжува и во Херсон, рускиот одбранбен фронт е под притисок и на северното и на јужното крило, наведува „Гардијан“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.