Британската влада, пред утрешната проценка за состојбата на јавните финансии, објави дека земјата е „шворц и скршена“, пренесува Ројтерс и додава дека новоизбраната Лабуристичка партија ќе го искористи извештајот за да ги обвини своите претходници за дефицит од 20 милијарди фунти (23,6 милијарди евра).
Новата влада избрана да ја предводи шестата по големина светска економија, лабуристите поминаа голем дел од трите недели на власт објаснувајќи ѝ на јавноста дека ситуацијата е полоша отколку што се мислеше во речиси секоја област од јавната политика.
Министерката за финансии Рејчел Ривс ќе ги претстави резултатите од фискалниот преглед пред парламентот и ќе ја обвини Конзервативната партија, која ја водеше земјата во изминатите 14 години, дека минатата власт ја оставила земјата „без пари“.
„Проценката ќе покаже дека Британија е и без пари и скршена, откривајќи го нередот што го направи популистичката политика со економијата и јавните услуги“, соопшти кабинетот на премиерот Кир Стармер.
Ќе покаже и, се додава, дека претходната влада презела некои финансиски обврски за оваа фискална година без да праша од каде ќе дојдат парите.
Конзервативците ги отфрлаат обвинувањата на лабуристите за „црна дупка“ во јавните финансии како измислен изговор за зголемување на даноците и истакнуваат дека тие не кажале ниту збор за тоа за време на изборната кампања.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.