Новоименуваниот претседател на Аргентина, Хавиер Милеи, како дел од првиот пакет шок-мерки по неговот доаѓање навласт, ја девалвира националната валута – пезосот, за 54%.

Аргентинскиот министер за финансии, Луис Капуто, изјави дека аргентинските власти одлучиле да го преполоват курсот на пезосот во однос на американскиот долар со цел да се справат со кризата во земјата.

Ќе го разјасниме официјалниот девизен курс. Американскиот долар ќе вреди 800 пезоси, а зголемувањето ќе биде придружено со зголемување на данокот на плата, за употребата на таа валута“, изјави Капуто во видео порака.

Министерот најави и дека инфраструктурните проекти во Аргентина ќе ги реализираат приватни компании без владина поддршка.

Претходно, аргентинската државна нафтена компанија „YPF“ ги зголеми цените на горивото на бензинските пумпи во просек за 25% додека земјата се бори со инфлацијата која може да достигне 180% оваа година, објави Ројтерс.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.