Кинезите ширум светот се подготвуваат да ја дочекаат Годината на тигарот. Според традиционалниот кинески месечев календар, новата година почнува вечерва на полноќ во Пекинг.
Годината на тигарот следува по Годината на бикот. Тигарот, третото од 12 хороскопски животни во кинеската митологија, претставува енергија и движење.
Оваа година, традиционалниот Семеен фестивал во Кина повторно е ограничен од пандемијата. Многу луѓе не можат да ги посетат своите роднини поради неодамнешното заострување на ограничувањето за патувања.
Министерството за транспорт во Пекинг очекува во текот на петнеделната новогодишна сезона да бидат остварени вкупно до 1,18 милијарди патувања. Тоа би било една третина повеќе од лани, но значително помалку од речиси трите милијарди патувања остварени 2019 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.