Во една од последните битки за Маринка, место во непосредна близина на Доњецк, руска единица паднала во заседа на украинските сили.

Во таква ситуација, руските војници одлучиле да се борат до последниот куршум, иако се нашле во безизлезна ситуација и било јасно дека практично немаат шанси да се извлечат живи.

Соочен со судбината, пред својата смрт, еден од нив оставил потресна порака напишана на камен, со која покажал дека последната мисла е посветена на неговото семејство.

Кој и да ме открие, ве молам да се грижи за мајка ми, сестра ми и брат ми. Рудаков Роман Александар. Град Батајск“, напишал рускиот војник во својата последна порака.

Ваквата постапка на загинатиот руски војник потсетува на бранителите на тврдината Брест, каде што војниците на Црвената армија зад себе оставиле различни пораки пред храбро да се соочат со својата смрт во битка против надмоќните нацистички сили.

Во единицата на Роман имало девет руски војници, кои биле нападнати од заседа и опколени, по што, без пристап до комуникации, гинеле еден по еден борејќи се до последниот куршум.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.