Во рок од две до три недели Полска ќе испрати 14 тенкови „Леопард 2“ во Украина, изјави за Си-Ен-Ен портпаролот на полското Министерство за надворешни работи, Лукаш Јасина.

Тој додаде дека Варшава го поддржува испраќањето борбени авиони во Киев, но дека допрва треба да се бара консензус меѓу земјите од НАТО.

Исто како што беше со тенковите, се надеваме дека оваа коалиција ќе биде доволно голема за се повеќе да ја поддржува Украина. Авионите се многу корисни во оваа војна. Сепак, ние сме земја членка на НАТО и сакаме да постигнеме договор за сите такви прашања, бидејќи алијансата е посилна кога сме заедно“, рече Јасина.

Чешкиот претседател Петар Фиала, пред денешната средба меѓу американскиот претседател Џо Бајден и сојузниците од источното крило на НАТО, изјави дека неговата земја ќе продолжи да ја поддржува Украина се додека е потребно.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.