– Украинските градови Харков и Лавов утринава беа цел на руски напади, соопштија градоначалниците на тие два града.
Градоначалникот на Харков Игор Терехов изјави дека „се регистрриани најмалку шест експлозии“, додека неговиот колега во Лавов Андриј Садови изјави дека имало два напади.
Засега не се соопштува дали има жртви или материјална штета.
Три лица загинаа, а девет беа повредени вчера во две села во областа Запорожје на југот на Украина во руски напади, објавија локалните власти
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.