Официјални лица од преминот Рафах потврдија дека границата утре повторно ќе биде отворена за да им се дозволи на лицата со странски пасоши да излезат од Газа.

На преминот Рафах 320 денеска поминале сопственици на странски пасоши и државјани со двојно државјанство, а тој број се чини дека ќе се зголеми во наредните денови.

Од египетска страна сме информирани дека копнениот премин Рафах ќе работи утре, четврток, за да го комплетира патувањето на остатокот од списокот на странци“, се вели во соопштението на општите власти за премини и граници во Газа.

На 500 странски државјани им е потпишано од страна на египетските и палестинските власти дека им е дозволено да патуваат преку границата преку преминот Рафах.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.