Клучното прашање на преговорите за украинската страна е да се постигне итен прекин на огнот и повлекување на руските трупи од украинска територија, објави канцеларијата на Зеленски во почетокот на мировните преговори во Белорусија. Украинска делегација утрово пристигна на украинско-белоруската граница за да учествува во преговорите со руската делегација.

Украинската делегација дојде со два хеликоптери, како што јави руската агенција Риа новости. Белоруското Министерство за надворешни работи во понеделникот наутро објави фотографија од просторијата за преговори, објавувајќи дека локацијата е подготвена.

Во украинската делегација се и министерот за одбрана Олексиј Резников и претседателскиот советник Михаило Подољак, меѓу другите, се вели во соопштението, пренесе Ројтерс.

Русија заинтересирана за постигнување договор со Украина на разговори, рече еден од руските преговарачи.

Русија е заинтересирана да дојде до договор што е во интерес на двете страни на разговорите со Украина, изјави утрово рускиот преговарач Владимир Медински, додека официјалните лица се подготвуваа да се сретнат во близина на границата.

Медински рече дека разговорите се очекува да почнат во 12 часот по локално време, што значи дека треба веќе да се почнати.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.